Yunus Kaymaz
22 Март 2019•Ажурирај: 24 Март 2019
ИСТАНБУЛ
Екипата на Голден Стејт Вориорс, која е последниот шампион на американската Национална кошаркарска лига НБА, на домашен терен со резултат 112 : 89 го совлада тимот на Индијана Пејсерс, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 6 натпревари во НБА. Лидерот на Западната конференција, тимот на Голден Стејт Вориорс, на домашен терен оствари убедлива победа над Индијана Пејсерс од 112 : 89, доаѓајќи до својата 49. победа сезонава.
Најдобар во редовите на домашната екипа беше Демаркус Казинс со дабл-дабл од 19 поени и 11 скока, а свој придонес во победата на Вориорси дадоа Клеј Томсон со 18 и Стефен Кари и Кевин Дурант со по 15 поени.
Во редовите на Пејсерси се истакнаа Таjрик Eванс со 20 и Тадијус Јанг со 18 поени.
- Резултати
Голден Стејт Вориорс - Индијана Пејсерс 112 : 89
Вашингтон Визардс - Денвер Нагетс 108 : 113
Шарлот Хорнетс - Минесота Тимберволвс 113 : 106
Атланта Хоукс - Јута Џез 117 : 114
Феникс Санс - Детроит Пистонс 98 : 118
Сакраменто Кингс - Далас Маверикс 116 : 100