22 Март 2019•Ажурирај: 22 Март 2019
СКОПЈЕ
Првиот ден од квалификациите за европското фудбалско првенство ЕУРО 2020 се одиграа 10 средби, јавува Anadolu Agency (AA).
Започнаа квалификациите за учество во најпрестижната организација на европскиот фудбал на национално ниво, ЕУРО 2020. Вчера се одиграа 10 средби во групите Ц, Е, Г и И.
- Македонија ја совлада Летонија
Во средба од групата Г, репрезентацијата на Северна Македонија, на домашен терен ја совлада Летонија со резултат 3 : 1. Македонија поведе со 1 : 0 во 11. минута, со погодокот на Езџан Алиоски, а Елиф Елмаз со двата погодоци во 23. и 29. минута од натпреварот на С. Македонија ѝ донесе водство од 3 : 0.
Единствениот погодок за Летонија беше автоголот на Дарко Велковски, за конечни 3 : 1.
Во групата Ц, Холандија извојува убедлива победа на домашен терен против репрезентацијата на Белорусија со 4 : 0.
Во групата Е, финалистот од последното светско фудбалско првенство, тимот на Хрватска, на домашен терен го пречека националниот тим на Азербејџан. Иако Азербејџан поведе на овој натпревар, Хрватска успеа на крајот да извојува победа од 2 : 1.
Резултати од вчерашните одиграни натпревари:
Група Ц
Холандија - Белорусија 4 : 0
Северна Ирска - Естонија 2 : 0
Група Е
Хрватска - Азербејџан 2 : 1
Словачка - Унгарија 2 : 0
Група Г
Австрија - Полска 0 : 1
Северна Македонија - Летонија 3 : 1
Израел - Словенија 1 : 1
Група И
Казахстан - Шкотска 3 : 0
Кипар (грчки дел) - Сан Марино 5 : 0
Белгија - Русија 3 : 1
За денес се закажани 7 средби. Се среќаваат:
Група А
18:00 Бугарија - Црна Гора
20:45 Англија - Чешка
Група Б
20:45 Луксембург - Литванија
20:45 Португалија - Украина
Група Х
20:45 Албанија - Турција
20:45 Андора - Исланд
20:45 Молдавија - Франција
Во сабота, на 23 март, ќе се одиграат преостанатите 8 натпревари. Во квалификациите за пласман на ЕУРО 2020 се среќаваат:
Група Д
15:00 Грузија - Швајцарија
18:00 Гибралтар - Република Ирска
Група Ф
18:00 Малта - Фарски Острови
18:00 Шведска - Романија
20:45 Шпанија - Норвешка
Група Ј
20:45 Босна и Херцеговина - Ерменија
20:45 Италија - Финска
20:45 Лихтенштајн - Грција