Emre Doğan
18 Јули 2017•Ажурирај: 19 Јули 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Во Самсун, градот на северот на Турција, денеска почнуваат Олимписките игри за лицата со оштетен слух 2017 година, јавува Anadolu Agency (AA).
На овогодинешните 23. по ред Олимписки игри учествуваат преку 3.000 спортисти од 97 земји, што е најмасовно учество во историјата на овие игри.
Олимписките игри за лицата со оштетен слух 2017. година ќе траат се до 30. јули.
Спортистите ќе се натпреваруваат во 20 дисциплини, вклучувајќи фрлање копје, атлетика, бадминтон, кошарка, фудбал, голм, карате, стони тенис, теквандо, тенис, одбојка и пливање.
Натпреварувачите, тренерите и гостите ќе престојуваат во 24 сместени центри во градот.
Олимписките игри ќе се одржуваат во 37 спортски комплекси во осум квартови од Самсун.
Олимписките игри за лицата со оштетен слух прват се одржани 1924. година во Париз.
Соединетите Американски Држави (САД) се најуспешната земја во историјата на одржување на Олимписките игри за лицата со оштетен слух.