спорт

Во Истанбул започна Фудбалскиот самит на ФИФА

„Турција е точка каде што се соединуваат континентите и нациите. Ѝ се заблагодарам на Фудбалската федерација на Турција за поддршката што ја даде за одржување на овој самит во Турција“, рече Инфантино

Emre Doğan  | 13.02.2019 - Обновена : 14.02.2019
Во Истанбул започна Фудбалскиот самит на ФИФА Фото: ТФФ

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) – Фудбалскиот самит на ФИФА, на кој ќе се состанат претседателите и високите извршни директори на 47 федерации на ФИФА, започна во Истанбул, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на Фудбалската федерација на Турција се вели дека на отворањето на Самитот присуствувале претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, потпретседателот на Турската фудбалска федерација (ТФФ) и член на Управниот одбор на УЕФА, Сервет Јардимџи, членот на Управниот одбор на ТФФ одговорен за надворешни односи, Алаатин Ајкач, генералниот секретар на ТФФ, Кадир Кардаш, почесниот претседател на ТФФ, Шенез Ерзик, и високи претставници на земјите членки.

Инфантино во изјавата дадена на Самитот, изразувајќи го задоволството од присуството во Истанбул, рече: „Турција е точка каде што се соединуваат континентите и нациите. Ѝ се заблагодарам на Фудбалската федерација на Турција за поддршката што ја даде за одржување на овој самит во Турција“.

„Ви посакуваме успех во тридневниот самит. Се надевам дека во текот на престојот во Турција ќе уживате во турската гостопримливост, во турската храна и во убавините на Истанбул“, рече Сервет Јардимџи, истакнувајќи го задоволството дека Турција по 1,5 година повторно е домаќин на Фудбалскиот самит на ФИФА.

Сервет Јардимџи, во знак на сеќавање на Самитот, на претседателот на ФИФА, Инфантино, му подари дрес на Националниот тим на Турција. На дресот беше напишано името на претседателот на ФИФА.

На Самитот кој се организира од ноември 2016 година, федерациите меѓу себе, во една конструктива атмосфера, ќе имаат можност да си разменат информации и да разговараат за прашањата за реформи во ФИФА. Самитот ќе заврши во петок, на 15 февруари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın