Hüseyin Burak Demirer
26 Август 2022•Ажурирај: 27 Август 2022
АНКАРА
Светскиот шампионат во Формула 1 викендов продолжува со трката за Големата награда на Белгија, известува Агенција Анадолија (АА).
Денеска се вози првиот тренинг, а утре на програмата е борбата за стартните позиции. Трката ќе се вози на патеката „Спа-Франкоршан“, долга 7.004 метри.
Ова е 14. трка сезонава во Формула 1, а победник ќе биде возачот кој набргу ќе ги извози зададените 44 круга.
Борбата за стартните позиции е најавена за утре во 16:00 часот, а трката за Големата награда на Белгија ќе стартува во 15:00 часот.
По досегашните 13 трки, на лидерската позиција се наоѓа актуелниот шампион Макс Верстапен, возачот на Ред Бул, со осум победи, додека Шарл Леклер од Ферари славеше на три трки. По една победа имаат Серхио Перез од Ред Бул и Карлос Саинц од Ферари.
- Пласман на возачи
1. Макс Верстапен (Холандија): 258 поени
2. Шарл Леклер (Монако): 178 поени
3. Серхио Перез (Мексико): 173 поени
4. Џорџ Расел (Велика Британија): 158 поени
5. Карлос Саинц (Шпанија): 156 поени
- Пласман на конструктори
1. Ред Бул Рејсинг: 431 поен
2. Ферари: 334 поени
3. Мерцедес: 304 поени
4. Мекларен: 99 поени
5. Алпин Рено: 95 поени