Dejan Maksimoviç
10 Март 2018•Ажурирај: 10 Март 2018
ЛИВЕРПУЛ (AA) – Манчестер Јунајтед и Ливерпул денеска на Олд Трафорд ќе го одиграат 170. голем англиски дерби од првенството. Јунгер Клоп, менаџер на тимот од Енфилд по тој повод изјави дека се работи за најголем натпревар кој може да го замисли, пренесува Anadolu Agency (AA).
Двата лути ривали оваа сезона се борат за едно од четирите места кои водат во Лигата на шампионите. Пред почетокот на сезоната имаа и шампионски амбиции, но се испостави дека Манчестер Сити е несоброрлив, па Јунајтед и Ливерпул моментално водат борба за второ место. Во пресрет на денешниот дерби домаќинот има два поени повеќе.
„Ова е најголемиот натпревар кој можам да го замислам и се радувам поради тоа. Мораме да бидеме на 100 % од нашите можности, ако не и повеќе од тоа доколку сакаме да освоиме поени на Олд Трафорд", рече Клоп а потоа се осврна и на приказните за дефанзивниот Јунајтед на Жозе Мурињо:
„Овој тим на Јунајтед има специфичен начин на играње фудбал и тоа е се. Ќе мораме да знаеме да се одбраниме таму, се сето она што го имаме на располагање, а не да прокоцкаме и да мислиме дека можеме да летаме по теренот против нив. Никој не лета против Јунајтед. Тие се премногу силни, физички, тактички и тоа е вистина. Не е тоа битка на две различни фудбалски филозофии, туку натпревар на два многу добри фудбалски тима. Кога Јунајтед ќе напаѓа, се надевам дека сите мои играчи ќе се вклучуваат во одбрана на голот."
Во досегашните 169 првенствени дерби натпревари Манчестер Јунајтед е поуспешен бидејќи оствари 67 победи наспроти Ливерпул кој има 55. Нерешено завршија 47 натпревари.
Денешниот дерби на Олд Трафорд ќе се игра со почеток во 13.30 часот. Јунајтед по 29 коло е на второ место со 62 бода, а Ливерпул на трето со 60.