Mehmet Alaca
20 Јануари 2023•Ажурирај: 23 Јануари 2023
АНКАРА (АА) - Џиновска жаба, шестпати поголема од просечна жаба и тешка 2,7 килограми, е пронајдена во прашумите во Квинсленд, Австралија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Би-би-си“ (BBC) објави дека краставата жаба е пронајдена во австралиска прашума и дека е можно да е најголемата жаба некогаш видена.
Жабата, шестпати поголема од просечната жаба и тешка 2,7 килограми, ја пронашле експерти за диви животни.
Жабата наречена „Тоадзила“ е земена од дивината за проучување.
Краставите жаби се увезени во Австралија во 1935 година за да се контролира ширењето на други инвазивни видови, но нивната популација експлодирала без природни предатори и самите станале закана.
Тие се сметаат за едни од најопасните водоземци во земјата.
Досегашниот Гинисов рекорд го држи жаба тешка 2,65 килограми, шведско милениче кое ја доби таа титула во 1991 година.