Ahmet Dursun
18 Август 2019•Ажурирај: 20 Август 2019
АНКАРА (АА) - Шефот на иранската дипломатија, Мухамед Џавад Зариф, ги повика земјите од Заливот на соработка и дијалог за надминување на актуелните кризи и тензии во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на официјалната посета на Кувајт, Зариф денеска се состана со својот колега, шеикот Сабах Халид ал Хамад ал Сабах и кувајтскиот престолонаследник, Шеик Неваф ал Ахмед ал Џабар ал Сабах.
Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека соговорниците на состаноците разговарале за билатерални и регионални теми, меѓу кои и случувањата во Сирија, Јемен и Заливот.
Зариф ги оцени иранските односи со Кувајт за пријателски и додаде дека соработката треба дополнително да се унапреди.
„Земјите во регионот треба да развиваат соработка поради актуелните и идните предизвици. Ние сме тие што остануваат тука, а сите странци ќе заминат“, рече Зариф.
Кувајтскиот принц Ал Сабах исто така рече дека развивањето на соработката е неопходно за просперитет и благосостојба на земјите во Заливот.
Зариф денеска не се состана со кувајтскиот емир Сабах ал Ахмед ал Џабир ал Сабах. Состанокот не е одржан поради здравствените проблеми кои ги има 90-годишниот владетел на Кувајт.