Mehmet Tosun
19 Август 2019•Ажурирај: 19 Август 2019
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили изведоа жестоки напади врз упориштата на терористичката организација ПКК/ЈПГ во северниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористите на ПКК/ЈПГ претходно извршија напади врз припадниците на Турските вооружени сили, кои патролираат во градот Тел Рифат, кој беше ослободен во текот на антитерористичката операција „Штитот на Еуфрат“.
Турските сили одговорија со жестоки напади врз упориштата на терористите во таа регија.
Инаку, ПКК е терористичка организација, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе. ЈПГ е нејзин сириски огранок.