свет

Силите на Асад, поддржани од Русија, се доближија до Хан Шејхун

Режимските сили, кои се обидуваат областа да ја земат под опсада од западен правец, се приближија на 500 метри до границата на областа

Ekipa  | 19.08.2019 - Обновена : 20.08.2019
Силите на Асад, поддржани од Русија, се доближија до Хан Шејхун

АНКАРА (АА) - Силите на режимот на Башар ал Асад, со воздушна поддршка на Русија, прекршувајќи го договорот од Идлиб, напредуваа кон југот на градот и се доближија до границата на подрачјето на Хан Шејхун, пренесува Anadolu Agency (AA).

Изминатата недела, режимските сили кои напредуваа од Хама, јужно од Идлиб, ги зазедоа областа Хабит, ридовите Сукејк и Тери, фармите Кефрејдун и Сабагије и контролната точка Факир, којашто е едно од влезните места во Хан Шејхун.

Режимските сили, кои се обидуваат областа да ја земат под опсада од западен правец, се приближија на 500 метри до границата на областа.

Силите на Асад, заедно со терористичките групи поддржани од Иран, руските специјални сили и платеници, наскоро ќе го преземат и Автопатот (М5) Алепо - Дамаск, кој минува низ Хан Шејхун.

- Значањето на Хан Шејхун -

Режимот на Асад на 4 април 2017 година изврши напад врз Хан Шејхун со хемискиот гас сарин, при што загинаа 100 цивили, а беа повредени над 500.

По хемискиот напад, Соединетите Американски Држави (САД) на 7 април ја гаѓаа воената воздухопловна база на режимот, „Шајрат“.

Заедничката истражна мисија на Обединетите нации (ООН) и на Организацијата за хемиско оружје потврдија дека на 6 септември 2017 година во Хан Шејхун е употребен хемискиот гас сарин, а на 27 октомври 2017 објавија дека нападот е извршен од страна на режимот.

Турција, Русија и Иран на состанокот во Астана на 4-5 мај 2017 година, подрачјето на Идлиб, каде што е вклучен и Хан Шејхун, ја прогласија за деескалациона зона.

Сепак, Хан Шејхун продолжи да биде цел на интензивните напади на режимот на Асад и неговите приврзаници.

- Точка на набљудување на Турските вооружени сили -

Турските вооружени сили (ТСК) на југоисток од областа Морик, која е на околу 10 километри јужно од Хан Шејхун, имаат набљудувачка точка.

Воените опозиционери оценуваат дека доколку нападите се прошират, има ризик набљудувачката точка во Морик да биде под опсада.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın