Övünç Kutlu
14 Мај 2017•Ажурирај: 15 Мај 2017
ЊУЈОРК (АА) - Метрото во Њујорк, најголемото и најстарото во светот, е запуштено, има инфраструктурни недостатоци и се бори со наездата на глувци, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјално има 468 станици со должина од 390 километри, колку што е должината на железничкиот систем. Метрото во Њујорк, кое започна со работа во 1904 година, сѐ уште ја користи технологијата која се користела пред 80 години.
Оние кои ја користат подземната железница во најчудниот, како што многумина го нарекуваат, град во светот, секој ден се соочуваат со различни проблеми во транспортот.
Доцнењето и грешките станаа дел од секојдневието во метрто кое 80 години не користи компјутерска технологија. Веќе во 30-тите години на минатиот век дизајнирана е аналогна сигнализација која се користи и денес.
Метрото во Њујорк во текот на неделата го користат околу шест милиони луѓе, а за време на викендите и до 6,5 милиони.
Управата за транспорт во Њујорк (МТА) често работи на прекините во сообраќајот на различни линии, како и во поглед на подобрувањето на инфраструктурата.
Од МТА за АА потврдија дека во 2012 година имало доцнење на 28.000 линии, и дека тој број во последната година е зголемен на 70.000.
Доцнењата и долгото чекање предизвикуваат нервозаи и критики од страна на граѓаните на Њујорк.
Дензел Н. (25) во овој град живее две години, и како што рече за АА метрото дефинитивно не е соодветен начин за транспорт.
„Поголемиот дел од времето користам такси“, објасни тој. Според Дензел, има поголеми доцнења на одредени линии, а патувањето на оддалечност од 20 минути може да трае и до 50 минути.
Не се пожали многу на сметот и нехигиенските услови во метрото, но истакна дека секој ден во ова превозно средство се среќава со глувци.
Д-р Алехандра Џименез (44) пристигнала од Шпанија во Менхетен на медицинска конференција. Според неа, метрото во Мадрид е многу почисто и поново од тоа во Њујорк.
Џименезистакна дека се чувствува непријатно поради преголемата гужва во метрото во Њујорк. Меѓу шините на пругите може да се видат пластични шишиња, картони, кутии од пица.
Според податоците на МТА, годишно од шините се извлекуваат околу седум тони ѓубре. Податоците за градот Њујорк покажуваат дека во градското подрачје има население од 8,6 милиони луѓе, а најмалку три милиони глувци.
Минатата година пристигнаа 8.000 жалби за глувците во метро-станиците. Во борбата против глувците, градот минатата година потроши околу три милиони долари.
Марк Левин, член на Градскиот совет на Њујорк во 2014 година изјави дека доцнењето се должи поради тоа што глувците ги гризат и уништуваат електричните кабли меѓу шините.
И покрај тоа што пред десет години беше зборувано дека инфраструктурните работи ќе бидат завршени во 2017 година, се претпоставува дека сите работи на модернизација ќе се завршат дури после 2045 година.