Ekipa
01 Април 2017•Ажурирај: 01 Април 2017
СЕУЛ (АА) - Поддржувачите на Парк Геун-хје, уапсената поранешна претседателка на Јужна Кореја, се собраа денес во главниот град Сеул и бараат нејзино пуштање на слобода, јавува Anadolu Agency (AA).
Илјадници лица дојдоа на протестите во близина на Градското собрание, а настанот го обезбедуваат повеќе од 10.000 полицајци поради можноста за избивање на судири. Насобраните лица веат јужнокорејски знамиња, понекои на САД, а држат и слики со ликот на поранешната претседателка.
Противниците и поддржувачите на Парк Геун-хје, во последните неколку месеци ги полнеа улиците на Сеул, одржувајќи големи митинзи, што доведе до длабоки поделби во земјата.
Парк е уапсена вчера поради обвиненија за корупција. Ден претходно, Окружниот суд во Сеул по деветчасовно сослушување издаде налог за апсење на Парк Геун-хје, поради обвиненија за мито, злоупотреба на позиции, присилување и откривање на државни тајни.