Hakan Çopur
01 Април 2017•Ажурирај: 01 Април 2017
ВАШИНГТОН (АА) - На панел дискусијата во врска со улогата на Сирија врз турско – американските односи која се одржа во САД, експертите сметаат дека според моменталната состојба во Сирија и процесите во земјата по ДЕАШ, Турција во голема мерка ќе биде одредница во точките на усогласување или недоразбирање меѓу САД и Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
На панел дискусијата на тема „Триаголникот САД – Русија – Турција во контекст за Сирија“, кој го организира Канцеларијата на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА ДЦ) од Вашингтон, како говорници учествуваа директорот за безбедносни активности на СЕТА, Мурат Јешилташ, вишиот експерт на Атлантскиот совет, Фајсал Итани, директорот за политичко – воени анализи при институтот Хадсон, Ричард Веиц и истражувачот и автор,Марк Пери. Модератор на дискусијата беше координаторот на СЕТА ДЦ, Кадир Устун.
Директорот за безбедносни активности на СЕТА, Мурат Јешилташ, даде оценка за позицијата на Турција во Сирија, при што рече: „Сe уште постојат повеќе неизвесности во врска со позицијата на САД во Сирија, но, со преговори меѓу Турција, САД, Русија и другите актери, може да се изнајде политичко решение во Сирија“.
- За Турција е приоритет ПЈД да премине на источниот брег од Еуфрат -
Јешилташ објасни дека еден од најважните приоритети за Турција е ПЈД да премине на источниот дел од реката Еуфрат, притоа истакнувајќи дека оваа тема сè уште не е на линија на која Анкара посакува да биде.
- „Турција инсистира за операција во Рака, без присуство на ПЈД“ -
„Турција инсистира за операција во Рака, без присуство на ПЈД“, рече Јешилташ, притоа забележувајќи дека сè уште нема јасно утврдена мапа за преземање на градот од ДЕАШ. Тој посочи дека во дипломатските контакти меѓу двете држави се зборувало на многу теми во врска со оваа операција, и изрази верба оти во краток временски период ќе произлезе поконкретна рамка.
- „Ова се претвори во војна на командантите“ -
Марк Пери пак нагласи дека по раководството на Обама, новиот претседател на САД, Доналд Трамп, ја забрзал борбата против ДЕАШ, при што истакна: „Веќе целта на бомбардирање не се одлучува во Белата куќа, туку нејзе ја одредуваат командантите во Пентагон. Ова се претвори во војна на командантите“.