Sümeyye Dilara Dinçer
08 Октомври 2021•Ажурирај: 12 Октомври 2021
АНКАРА
Јужнокорејските воени обвинители поднесоа тужба против 15 службеници во врска со скандалот на сексуално вознемирување што доведе до самоубиство на жена подофицер, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го даде јужнокорејското Министерство за одбрана се наведува дека 38 лица ќе добијат дисциплинска казна бидејќи не ја заштитиле жртвата.
Военото обвинителство информира дека се поднесени тужби против 15 лица поврзани со инцидентот.
Во соопштението се наведува дека лицето коешто ја малтретирало својата колешка е уапсено и е судено откако настаните се појавиле во медиумите.
- Обид за прикривање на уште едно малтретирање на жена во Армијата
Во мај, уште една подофицерка во Јужнокорејската армија тврдеше дека била малтретирана и откако армиските службеници се обиделе да го прикријат случајот, изврши самоубиство.
Генерал Ли Сеонг-Јонг, командант на јужнокорејските воздухопловни сили, поднесе оставка на својата функција на 4 јуни, наведувајќи дека има одговорност за инцидентот.
Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-Ин, изјави дека треба да се направи ревизија на сексистичкиот пристап во касарната и издаде наредба за преземање некои мерки во Армијата.
Јужнокорејскиот министер за одбрана, Сух Вук, му се извини на семејството на подофицерката која била на должност во морнарицата, за која рече дека била сексуално нападната од колега со повисок чин, а подоцна била пронајдена мртва во својот дом.