свет

Јеменските бунтовници тврдат дека убиле 8 саудиски војници

Воен извор истакнува дека беспилотно летало на коалицијата предводена од Саудиска Арабија е исто така соборено од Хусите во покраината Хаџах, северозападен Јемен

Mohamed Sabry Emam Muhammed  | 23.06.2019 - Обновена : 24.06.2019
Јеменските бунтовници тврдат дека убиле 8 саудиски војници

САНА (АА) - Јеменските бунтовници Хуси денеска соопштија дека убиле осум војници во нападите во јужниот дел на Саудиска Арабија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Новинската агенција на Хусите, „Саба“, цитирајќи воен извор, објави дека голем број сојузнички војници од Судан и Јемен се повредени во воздушните и артилериските напади изведени врз јужната саудиска покраина Наџран.

Воениот извор изјави дека беспилотно летало на коалицијата предводена од Саудиска Арабија е исто така соборено од Хусите во покраината Хаџах, северозападен Јемен.

Нема коментар од саудиските или јеменските власти во врска со тврдењата на Хусите.

Од 2014 година во Јемен владее граѓанска војна, кога бунтовниците Хуси, поддржани од Иран, го зазедоа поголемиот дел од земјата, вклучувајќи го и главниот град Сана.

Во 2015 година, Саудиска Арабија и нејзините арапски сојузници започнаа опсежна воздушна кампања насочена кон враќање на заземените подрачја од Хусите во Јемен.

Судирите ја уништија основната инфраструктура на Јемен, поради што ОН ја опишаа ситуацијата во земјата како една од најлошите хуманитарни катастрофи во современиот свет.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın