Gülşen Topçu
19 Ноември 2018•Ажурирај: 20 Ноември 2018
РИЈАД (АА) - Хусите во Јемен започнаа иницијатива за ставање крај на лансирањето проектили кон Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), со цел воспоставување мир во земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Оваа иницијатива е започната со цел исполнување на барањето на специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Јемен, Мартин Грифитс, за ставање крај на користењето на воздушните летала и проектили, поддржување на напорите за спроведување на мирот и отстранување на причините за продолжување со нападите врз Јемен
„По нашите контакти со претставникот на ОН и неговото барање за запирање на нападите со проектили и беспилотни летала ... ја објавуваме нашата иницијатива... да ги запреме ракетните и нападите со беспилотни летала врз земјите на агресија“, напиша на Твитер Мухамед Али ал-Хуси, челникот на Врховниот револуционерен комитет на Хусите.
„Ако коалициските сили под водство на Саудиска Арабија сакаат мир, подготвени сме да ги запреме воените операции на сите фронтови, со цел да се спроведе еден праведен и чесен мир“, додава тој.
Коалициските сили сè уште не дадоа изјава во врска со иницијативата на Хусите.