Recep Şakar
19 Ноември 2018•Ажурирај: 19 Ноември 2018
МЕЛБУРН (АА) - Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтер се случи на 283 километри источно од Сува, главниот град на јужнопацифичката држава Фиџи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Центарот за геолошки истражувања на САД (USGS), земјотресот се случил на длабочина од 534 километри под морското дно, а потресите не предизвикале штета.
Пацифичкиот предупредувачки центар за цунами (Pacific Tsunami Warning Center) соопшти дека не постои опасност од цунами.