Yusuf Özcan
18 Ноември 2018•Ажурирај: 19 Ноември 2018
ПАРИЗ (АА) - Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека на протестите организирани во Франција вчера, повредени се вкупно 409 лица, а 157 се приведени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството се наведува дека на протестите учествувале околу 287.000 лица.
Демонстрациите се организирани во знак на протест против зголемувањето на цената на горивата.
Дојде и до блокада на сообраќајот во целата земја.
Министерството вчера потврди дека во протестите животот го загубило едно лице.