Afra Aksoy
11 Јануари 2018•Ажурирај: 11 Јануари 2018
САНА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека како последица на зараза со дифтерија, во Јемен во последните два месеци починаа 48 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
СЗО објави дека во земјата за два месеци се евидентирани 610 случаи за кои постои сомнение дека станува збор за зараза.
Епидемијата е регистрирана во 19 од 23 покраини во Јемен, а меѓу најпогодените области се Иб и Ал Худејда.
Јемен околу три години е средиште на безбедносна криза, а покрај дифтеријата се бори и против епидемијата на колера.