Fuat Kabakçı
11 Јануари 2018•Ажурирај: 12 Јануари 2018
ПЕКИНГ (АА) - Кинескиот претседател, Кси Џинпинг, во разговор со јужнокорејскиот претседател Мун Џае, изјави дека ги поддржува преговорите меѓу двете Кореи, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството за надворешни работи на Кина соопштија дека Кси изјавил оти го поддржува дијалогот и напорите на Сеул и Пјонгјанг за решавање на проблемите на Корејскиот Полуостров.
Тој, исто така, се осврна на билатералните односи меѓу Кина и Јужна Кореја и рече дека неговата земја сака да вложи напори за справување со чувствителните прашања на вистински начин, како и за зголемување на стратешката комуникација.
Додаде дека би сакале заеднички да работат на подобрување на соработката и на одржување на стабилноста.
Мун Џае Ин се заблагодари за поддршката на Кина кога се работи за сочувување на стабилноста на Корејскиот Полуостров, како и за поддршката за преговорите со Северна Кореја.