свет

Министерот за човекови права на Јемен: „Хусите регрутираа над 30.000 деца“

Министерот Aскер за АА нагласи дека Хусите регрутирале над 30.000 деца и ги испратиле на воените позиции и конфликтините линии во зоните кои ги држат под своја контрола

Gülşen Topçu  | 11.07.2019 - Обновена : 12.07.2019
Министерот за човекови права на Јемен: „Хусите регрутираа над 30.000 деца“

АДЕН (АА) - Министерот за човекови права на Јемен, Мухамед Аскер, соопшти дека од денот кога започна граѓанската војна во земјата, па досега, над 30.000 деца биле регрутирани и користени како деца војници, јавува Anadolu Agency (AA).

Aскер во изјава за АА нагласи дека Хусите регрутирале над 30.000 деца и ги испратиле на воените позиции и конфликтините линии во зоните кои ги држат под своја контрола.

Тој рече дека Хусите не дозволувале децата да одат во училиште, и дека нив ги користеле во конфликтни зони без да им обезбедат образование.

Aскер рече дека Светската програма за храна (WFP) при Обединетите нации (ОН) од 21 јуни делумно ги суспендирала своите активности во Сана поради хуманитарната помош која била украдена.

Хусите оваа хуманитарна помош ја користеле за своите воени активности.

Според него, одлуката за одложување на помошта ќе погоди над 850.000 лица.

Портпаролот на Хусите, Јахја Сери, во декември минатата година тврдеше дека немаат политика за регрутирање на деца, и дека овие деца волонтирале за да им се одмаздат на коалициските сили под водство на Саудиска Арабија.

Хусите од септември 2014 година ги држат под своја контрола главниот град на Јемен, Сана, и некои други подрачја.

Коалициските сили под водство на Саудиска Арабија од март 2015 година ја поддржуваат Владата на Јемен против Хусите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.