Muhammet Nazım Taşcı
21 Јуни 2020•Ажурирај: 22 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Институтот за медицинска биологија (IMBCAMS) во рамките на Кинеската академија за медицински науки соопшти дека ја започнале втората фаза од испитувањето на вакцината против Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како ошто јави новинската агенција „Синхуа“, во кинеската покраина Јунан започнала втората фаза од клиничките испитувања на вакцината против Ковид-19, спроведена од Институтот за медицинска биологија (IMBCAMS).
Во оваа фаза ќе бидат проценети ефектите од вакцината врз имунолошкиот систем на здравите луѓе.
Покрај оваа вакцина, во Кина во тек се и истражувањата за 5 различни вакцини против Ковид-19.
Во Кина, каде што се појави Ковид-19, бројот на случаи се зголеми на 83.378, а 4.634 лица починаа од вирусот.
Кинеската фармацевтска компанија „Sinavoc Biotech“ на 16 јуни соопшти дека има позитивни резултати од клиничкото испитување од 1. и 2. фаза, што ги спроведе за вакцините против Ковид-19 под име „CoronaVac“.
- Клиничките испитувања се спроведуваат во три фази -
Клиничките испитувања се спроведуваат во три фази. Во првата фаза се испитува дали вакцината е безбедна и можните несакани ефекти од вакцината. Се испитува на мал број здрави луѓе, волонтери.
Во втората фаза се испитува ефективноста на вакцината, чија сигурност се потврдува кај повеќе од 100 лица.
Во третата и последна фаза, истата постапка се повторува кај неколку илјади лица. Целиот овој процес може да трае со месеци, па дури и со години.