Hakan Çopur
24 Мај 2020•Ажурирај: 25 Мај 2020
ВАШИНГТОН
Претседателот на САД, Доналд Трамп, е критикуван поради тоа што играл голф за време на епидемијата од новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Американскиот претседател Трамп замина на својот терен за голф во Вирџинија, по долга пауза поради ограничувањата за Ковид-19.
Неговата посета од конзервативните медиуми беше коментирана како „поддршка за враќање на земјата во нормала“, но од либералните мејнстрим медиуми и демократите беше критикувана.
Демократот Џо Бајден, кој најверојатно ќе биде ривал на Трамп на изборите што ќе се одржат на 3 ноември, на својот профил на Твитер напиша: „Бројот на починати е близу 100.000, десетици милиони Американци се невработени, во меѓувреме, претседателот го поминува денот играјќи голф.“
Покрај Бајден, и многу членови на демократите во Конгресот со слични изјави го критикуваа Трамп.
Додека чекорите за враќање во нормала на американската економија продолжуваат, некои експерти предупредуваат дека раното враќање во нормала може да предизвика втор бран на епидемијата.
Според моменталните бројки, бројот на заразени со вирусот во земјата надмина 1.650.000, а бројот на починати од Ковид-19 надмина 98.000.