Ekipa
15 Февруари 2017•Ажурирај: 15 Февруари 2017
САНА (АА) - Најмалку десет лица загинаа вчера во Јемен, во бомбашки напад со автомобил и воздушни напади предводени од Саудиска Арабија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според новинскиот портал „Ансарулах“ (поддржувач на Хусите), цел на автомобилот-бомба бил спортскиот и културен центар во градот Рада, предводен од Хусите, во централната јеменска покраина Бајда.
Локалните жители велат дека во експлозијата загинале двајца бунтовници Хуси. Едно дете било сериозно повредено и подоцна им подлегнало на повредите.
Ниедна група не презеде одговорност за нападот.
Во меѓувреме, седуммина бунтовници Хуси загинаа во три воздушни напади предводени од Саудиска Арабија, во јужната покраина Шабва.
Авионите погодија неколку воени конвои на Хусите во селото Биџан во покраината, вели локално официјално лице кое сакаше да остане анонимно.
Јемен е средиште на судири од 2014 година, кога Хусите и нивните сојузнички сили лојални на поранешниот јеменски претседател Али Абдула Салех го зазедоа главниот град Сана и други делови на земјата.