Ekip
15 Ноември 2018•Ажурирај: 16 Ноември 2018
ТОКИО (AA) – Јапонскиот министер Јошитака Сакурада, кој е задолжен за ревизија на Законот за кибербезбедност во пресрет на Летните олимписки игри 2020 година во Токио, ја шокираше јавноста, признавајќи дека никогаш не користел компјутер, пренесува Anadolu Agency (AA).
Сакурада во Кабинетот на премиерот Шинзо Абе е политички министер за Летните олимписки и параолимписки игри во 2020 година во Токио. Член е на Организацискиот одбор на игрите, а во среда одговараше на прашања во Парламентарниот одбор.
„Со бизнис се занимавам самостојно од 25. година и секогаш давам упатства на вработените и секретарите. Мојот компјутер не го допирам“, рече Сакурада.
Тој е министер од владејачката Либерално-деморатска партија, а одговарајќи на прашањата на независните и опозициските парламентарци, откри дека не знае што е УСБ.
„УСБ во основа никогаш не сум користел, така што не знам што би било тоа“, искрено изјави Сакурада.