Ahmet Furkan Mercan
17 Ноември 2016•Ажурирај: 18 Ноември 2016
АНКАРА (АА) – Судот во Јапонија пресуди дека владата треба да плати отштета од 22 милиони долари за граѓаните кои поднесоа тужба поради бучавата од воздухопловната база во Футенма, јавува Anadolu Agency (AA).
Судски епилог добија тужбите против Владата на граѓаните кои живеат во околината на американската воздухопловна база Футенма, која се наоѓа во градот Гинован, во провинцијата Окинава.
Судот донесе одлука Владата да им плати отштета од 22 милиони долари на околу 3.400 граѓани, кои подигнаа тужби со образложение дека им бил нарушен секојдневниот живот и здравјето, и биле во постојан страв од авионски несреќи.
Тужбите слични на овие, од 2010, врховниот суд Фукуока ги реши со пресуда да се плати отштета од 3.380 долари.
Минатата година во јуни, регионалниот суд во Наха донесе пресуда властите во Токио да платат 7 милиони долари отштета.
Воздухопловната база може да се премести во Хеноко
Во меѓувреме, властите од Токио преговараат со САД, со цел базата да се премести.
Владата планира да ја премести базата во помалку населено место во Окинава, како што е Кејп Хеноко, на крајбрежјето во Наго.
Населението во Окинава постојано се жали од американските војници и бараат тие да бидат преместени од таму.
На протестите во главниот град на Окинава, Наха, против американските бази, учествуваа околу 65 илјади лица. Демонстрантите протестираа облечени во црно, поради силувањето и убиството на една жена од страна на еден градежен работник од базата, во април. Тие побараа американските војници да го напуштат островот и базите да бидат преместени во југозападните делови, каде што населението е поретко.
Во Окинава има 32 американски бази. Овие воени бази зафаќаат 25 проценти од островот. Во Окинава има 18.600 американски војници, додека пак на ниво на држава, околу 50 илјади.