Riyaz Khaliq Khaliq
23 Септември 2024•Ажурирај: 25 Септември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Токио денес упати протест до Москва по наводното нарушување на јапонскиот воздушен простор од страна на руски воен авион, пренесува Анадолу.
Воен авион трипати го нарушил јапонскиот воздушен простор недалеку од брегот на островот Хокаидо, објави токиската новинска агенција Кјодо, повикувајќи се на владини извори.
Се додава дека Токио упатил протест до Москва поради наводните прекршувања.
Засега нема коментар од руска страна за случајот.
Во саботата Русија и Кина започнаа заедничка поморска воена вежба во Јапонското Море.
Вежбата Беибу/Интеракција 2024 ќе трае една недела, а војниците на двете земји ќе тренираат за одбивање напад на симулиран непријател од воздух, вода и подводна средина, како и за маневрирање.