Zehra Ulucak
31 Јули 2018•Ажурирај: 01 Август 2018
ТОКИО (АА) - Како последица на природните катастрофи предизвикани од неповолните временски услови во месец јули во Јапонија починаа повеќе од 300 луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
Институциите надлежни за управување и намалување на ризикот од природни катастрофи соопштија дека во првите две недели во поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикани од обилните дождови загинале 222 лица. Се трага по девет лица.
Покрај тоа, како резултат на температурите на воздухот кои наместа изнесуваа и над 40 степени Целзиусови, починаа околу 100 лица.
Новинската агенција „Кјодо“, повикувајќи се на податоците на Агенцијата за управување со пожари и природни катастрофи, јави дека во топлотниот бран од 30 април до 29 јули починале 125 лица, а хоспитализирани се најмалку 57.500 лица.