Gamze Türkoğlu Oğuz
09 Мај 2019•Ажурирај: 12 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Јапонскиот министер за надворешни работи, Таро Коно, се спротивстави на доставувањето хуманитарна помош во Северна Кореја за надминување на сериозниот недостиг на храна во земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информацијата на новинската агенција „Кјодо“, Коно, во својот говор во Комисијата за надворешни работи и одбрана во Собранието, истакна дека не е време да се помага на една земја однадвор, која фондовите, наместо да ги користи за благосостојбата на граѓаните, ги користи за развој на нуклеарното оружје и проектилите.
Коно наведе дека Северна Кореја мора да го прифати фактот дека треба да престане да дава приоритет на развојот на оружјето и дека треба да обезбеди благосостојба на својот народ.
Светската програма за храна (WFP) при Обединетите нации (UN), со седиште во Рим, соопшти дека во Северна Кореја, како резултат на намалувањето на изворите за храна и продуктивноста во земјоделството, повеќе од 10 милиони луѓе во земјата имаат „сериозен проблем со недостиг на храна“.
Администрацијата на Пјонгјанг минатата недела тестираше проектили со краток дострел. Според администрацијата, се работи за „рутинска вежба за одбрана“.
Генералштабот на Северна Кореја соопшти дека Северна Кореја денеска повторно лансирала проектили од областа северен Пјонгјанг кон истокот. Во соопштението не се откриваат детали за природата на проектилите.