Riyaz ul Khaliq
02 Јули 2019•Ажурирај: 03 Јули 2019
ТОКИО (АА) - Властите и надлежните служби на Јапонија развиваат медицински средства за спречување на појавите на кои било фатални болести за време на Олимписките и Параолимписките игри кои наредната година ќе се одржат во Токио, пренесува Anadolu Agency (AA).
Весникот „Џапан тајмс“ (Japan Times) пишува дека Јапонија во наредните денови ќе воведе примероци од пет смртоносни вируси и на Националниот институт за инфективни болести во Токио ќе работи на изработка на антидоти (противотрови), со кои би се спречило ширењето на таквите вируси за време на игрите.
Повикувајќи се на изјавите на службениците на јапонското Министерство за одбрана, истиот извор јавува дека јапонските експерти ќе работат на развивање антидоти за вируси кои предизвикуваат хеморалгиска грозница, односно вирусите ебола, ласа, како и јужноамериканскиот, кримско-конгошкиот и марбушкиот вирус.
Јапонскиот министер за здравство, работа и социјална заштита, Такуми Немото, вчера изјави дека спортистите, делегациите и навивачите од целиот свет наредното лето ќе бидат добредојдени и сигурни во Токио.