Riyaz Khaliq Khaliq
08 Април 2022•Ажурирај: 09 Април 2022
ТОКИО (АА) - Јапонските власти најавија дека ќе им се придружат на нивните западни сојузници во претерувањето на некои Руси од земјата поради војната во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од јапонското Министерство за надворешни работи за новинската агенција „Кјодо“ соопштија дека од осум руски државјани ќе биде побарано да ја напуштат Јапонија, а меѓу нив се и неколку дипломати.
САД и европските земји протераа околу десетина руски дипломати во согласност со низата санкции преземени против Русија откако започна со нападот на Украина на 24 февруари.
Токио, исто така воведе санкции и назначи дека планира да ја прекине својата зависност од увоз на руски енергенси, но дека досега спроведувал претпазливи и благи мерки.
Потегот на Јапонија да ги протера Русите настапи откако Москва го организира Меѓународниот саем на инвестиции на Курилските Острови во својот регион на Далечниот Исток, а станува збор за острови на кои има право и Токио.
Русија ги прекина преговорите за спорот за таа територија откако Јапонија презеде неколку мерки против неа поради војната во Украина.