Ali Cura
08 Април 2022•Ажурирај: 09 Април 2022
МОСКВА (АА) - Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, изјави дека руските сили спровеле напади врз опремата и оружјето што стигнало до Украинската армија на железничките станици во регионот Доњецк, како и врз Центарот за обука на странски платеници во Одеса, јавува Агенција Анадолија (АА).
Конашенков рече дека руските сили користеле „ракети со висока прецизност“ во тие напади во Украина.
Тој тврди дека во нападите била уништена воената опрема и оружјето на Украинската армија на железничките станици „Покровск“, „Славјанск“ и „Барбенково“.
„Центарот за собирање и подготовка на странски платеници, кој се наоѓа во близина на населбата Красноселка на североистокот на Одеса, е погоден од ракети со висока прецизност истрелани од крајбрежниот ракетен систем „Бастион““, изјави Конашенков.
Посочувајќи дека руските системи за воздушна одбрана погодиле и 2 хеликоптери и 5 беспилотни летала, Конашенков рече дека руските сили во изминатиот ден уништиле 81 украински воен објект.
„Досега се уништени 97 хеликоптери на Украинската армија, 421 беспилотно летало, 228 ракетни системи за противвоздушна одбрана, 2.019 тенка и оклопни возила, 223 повеќецевни ракетни фрлачи, 874 хаубици и минофрлачи и 1.917 специјални воени возила“, рече Конашенков.