Tufan Aktaş
08 Април 2022•Ажурирај: 08 Април 2022
ИСТАНБУЛ
Претседателот на Руанда, Пол Кагаме, критикувајќи ги оние кои не го спречија геноцидот во неговата земја во 1994 година, рече дека лицемерието е еден од трите системи кои доминираат во светот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Њу тајмс“ (The New Times), Кагаме во својот говор на програмата за комеморација на геноцидот, истакна дека земјите кои зборуваат за правда и демократија, само ги гледаат геноцидите.
„Во светот преовладуваат три системи. Првиот се вика демократија, третиот е автократија. Меѓу нив има и друг систем, најсилен, многу тивок и ефективен, а тоа е лицемерието“, нагласи претседателот Кагаме.
Наведувајќи дека луѓето во Руанда геноцидот ги направи посилни и подобри, Кагаме додаде дека иако неговата земја е мала, таа е поправедна од големите земји.
- 100 дена геноцид
Во Руанда во 1994 година Хутите започнаа геноцид врз Тутсите обвинувајќи ги за падот на авионот на тогашниот претседател Џувенал Хабјаримана.
Повеќе од 800.000 умерени Хути и Тутси загинаа во масакрот кој траеше 100 дена во земјата.
Денот на сеќавање на жртвите на геноцидот во Руанда, геноцид кој се смета за еден од најголемите во историјата, се одбележува секоја година на 7 април од страна на Обединетите нации (ОН).