Atila Altuntaş
08 Април 2022•Ажурирај: 09 Април 2022
СТОКХОЛМ (АА) – Финска ќе аплицира за членство во НАТО во првата недела од мај, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во веста на „Италехти“, најголемиот весник во земјата, се наведува дека подготовките за апликацијата на земјата за членство во НАТО ќе започнат на 14 април, а аплицирањето ќе се изврши во првата недела од мај.
Поранешниот фински премиер Александер Стуб, во изјавата за весникот „Афтонбладет“, нагласувајќи дека е сигурен дека Финска наскоро ќе аплицира за членство во НАТО, рече дека исто така, и во Шведска има движење кон носење одлука во оваа насока.
Според истражувањето објавено од финската државна телевизија ЈЛЕ, 112 пратеници во финскиот Парламент го поддржуваат членството во НАТО, додека 71 пратеник имаат негативен став кон тоа прашање. Седумнаесет пратеници наведуваат дека се неопределени.
Во својот говор на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО вчера, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека војната во Украина може да трае со месеци, па дури и со години, и дека доколку Финска и Шведска сакаат да се приклучат на Алијансата, тоа барање брзо ќе се реализира.