Ruslan Rehimov
08 Април 2022•Ажурирај: 08 Април 2022
КИЕВ (АА) - Украинските железници соопштија дека во рускиот ракетен напад на железничката станица во Краматорск загинале најмалку 30 луѓе, а повеќе од 100 цивили биле ранети. Сите загинати и ранети чекале евакуација од украинскиот град, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Два проектили ја погодија железничката станица во Краматорск. Според првите информации, повеќе од 30 цивили загинале, а повеќе од 100 се ранети“, се вели во соопштението на официјалниот профил на Телеграм на Украинските железници.
На снимките објавени од местото на нападот се гледаат голем број цивилни жртви кои лежат во крв покрај куферите и работите што ги носеле со себе.
Гувернерот на Доњецк, Павел Кириленко, изјави дека станицата била погодена од проектилот „Искандер“, во кој има касетна муниција.