Ayşe Doğru
14 Август 2019•Ажурирај: 15 Август 2019
АНКАРА (АА) - Од 5 август досега во Јапонија 12.751 лице побарале здравствена помош во болница поради болести предизвикани од високите температури, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Кјодо“, Агенцијата за управување со пожари и катастрофи, случаите на топлотен удар низ земјата се намалени во споредба со минатата недела, но веќе над две недели над 10.000 лица се погодени од топлотниот бран.
Во периодот од 5 до 11 август 12.751 лице побарале здравствена помош од болница како резултат на тегоби предизвикани од високите температури, од кои 54,9 отсто се лица постари од 65 години.
Дваесет и три лица починале како резултат на високите температури.
Четиристотини лица кои побарале здравствена помош имале потешка здравствена состојба поради што добиле медицински третман од најмалку 3 недели, додека 4.554 лица закрепнале за брзо време.
Во истиот период, во повеќе региони на Јапонија температурите се искачија над 35 степени.