Ahmet Dursun
28 Август 2019•Ажурирај: 28 Август 2019
АНКАРА (АА) - Јапонскиот премиер, Абе Шинзо, истакна дека се загрижени за напнатоста меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран во Персискиот Залив, и додаде дека Јапонија ќе продолжи со своите дипломатски напори за намалување на тензиите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на иранското Министерство за надворешни работи, министерот Мухамед Џевад Зариф, се состанал со јапонскиот премиер Абе во градот Јокохама.
На средбата е истакнато дека тензиите меѓу САД и Иран на Блискиот Исток треба да се намалат и дека треба да биде заштитен нуклеарниот договор од кој администрацијата на Вашингтон излезе еднострано.
Абе истакна дека дипломатските напори треба да продолжат без прекин, за намалување на тензиите меѓу САД и Иран во регионот.
„Ние сме сериозно загрижени за тензиите на Блискиот Исток. Јапонија упорно ќе продолжи со своите дипломатски напори за намалување на тензијата и стабилизирање на регионот“, истакна Абе.
Зариф нагласи дека Техеран ги поздравува напорите на јапонската Влада за намалување на тензиите во регионот.
„Иран се надева дека тензиите во регионот нема повеќе да се зголемуваат“, рече Зариф.
Се очекува иранскиот министер за надворешни работи по неговите средби во Јапонија да отпатува за Малезија, како дел од неговата азиска турнеја.