Büşra Selvi Öğütcen
16 Март 2020•Ажурирај: 18 Март 2020
ТОКИО (АА) - Судот во Јапонија изрече смртна казна за 30-годишниот Сатоши Уематсу кој во дом за стари лица и лица со инвалидитет пред четири години уби 19 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Судот во Јокохама изрече пресуда за масакрот кој Уематсу го изврши во 2016 година во дом за стари лица и лица со попреченост.
За убиството на 19 и ранувањето на 24 лица, Уематсу е осуден на смртна казна.
Уематсу за време на судењето не изрази каење поради масакрот кој го сторил, туку и понатаму тврдеше дека со убивањето на старите и лицата со попреченост направил услуга на остатокот на светот.
Адвокатите за одбрана тврдеа дека Уематсу не е ментално здрав и дека за време на масакрот бил под дејство на дрога, а обвинителството пак тврди дека станува збор за тешко кривично дело кое е извршено свесно поради предрасуди кон постарите лица.
Уематсу во јули 2016 година изврши масакр со нож во дом за стари лица и лица со попреченост во Сагамихари, а веднаш потоа се предаде на полицијата. На првото рочиште се обиде сам да си го одгризе малиот прст на раката.
Тој пет месеци пред масакрот испратил писмо на неколку политичари и најавил дека ќе убие стотици лица со попреченост, за да го направи светот подобар. Беше згрижен во болница за ментално здравје од која бил отпуштен две недели пред масакрот.