Servet Günerigök
24 Август 2023•Ажурирај: 25 Август 2023
ТОКИО (АА) - Јапонија денес започна да ја испушта во океанот прочистената радиоактивна вода од нуклеарната електрана Фукушима Даичи, што беше оштетена во цунамито 2011 година, пренесува Анадолу.
Испуштањето на водата започна околу 13 часот по локално време, објави „Кјодо њуз“.
Комплексот Фукушима содржи околу 1,34 милиони тони пречистена вода.