Ekipa
27 Март 2017•Ажурирај: 27 Март 2017
ТОКИО (АА) - Јапонските власти соопштија дека шестмина средношколци се пронајдени без свест откако лавина ги затрупала во скијачки центар во централниот дел на земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Несреќата се случила околу 9.20 часот во перфектурата Точиги, во централниот дел на земјата.
Локалните власти соопштија дека тројца ученици се повредени, додека за уште двајца од нив и за нивниот инструктор потрагата сѐ уште трае.
Јапонските медиуми јавуваат дека настраданите биле група од 50 ученици кои биле на планинарење северно од Токио.