Emel Öz Gözellik
20 Септември 2018•Ажурирај: 22 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Во рамки на кибернападот врз берзата на криптовалути во Јапонија, украдени се криптовалути со вредност од околу 60 милиони долари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според новинската агенција „Кјодо“, во соопштението од берзата на криптовалути „Tech Bureau“ се наведува дека е извршен кибернапад врз оваа берза, од каде што компјутерските хакери украле криптовалути со вредност од 60 милиони долари.
По кибернападот, „Tech Bureau“ соопшти дека се замрзнати трансакциите на криптовалутите.
Инаку, во јануари беше извршен кибернапад врз една од најголемите берзи на криптовалути на Јапонија, „Coincheck“, од каде што беа украдени криптовалути со вредност од 547 милиони долари.