Ahmet Furkan Mercan
23 Декември 2022•Ажурирај: 26 Декември 2022
ТОКИО (АА) – Осум лица загинаа, а 45 се повредени во несреќите предизвикани од обилните врнежи од снег во различни делови на Јапонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Јапонската државна телевизија НХК (NHK) објави дека снежните врнежи кои од изминатиот викенд досега ги зафатиле северните и западните префектури, негативно влијаеле врз животот во земјата.
Агенцијата за управување со пожари и катастрофи (Shobocho) објави дека во несреќите предизвикани од обилните врнежи од снег низ Јапонија животот го загубиле 8 лица, а 45 се повредени.
Снежните врнежи предизвикаа прекини на струјата и сообраќајот на брзите возови.
Метеоролошките служби информираа дека дебелината на снежната прекривка во регионите Шимане, Хирошима, Кочи и Хокаидо е над сезонските нормални висини, додавајќи дека се очекува врнежите од снег да продолжат.
Снежните врнежи предизвикале застој во сообраќајот на автопатиштата, создавајќи колона од возила во должина од околу 30 километри.
На населението во префектурите кои се наоѓаат на брегот на Јапонското Море (Источно Море) каде што има интензивни врнежи од снег, упатен е повик однапред да се снабди со основни прехранбени средства и да не излегува надвор освен ако не е неопходно.