Şenhan Bolelli
23 Октомври 2021•Ажурирај: 25 Октомври 2021
ОВИЕДО
Наградите „Принцезата на Астурија“, најпрестижната награда на Шпанија на меѓународната сцена, синоќа беа доделени во Овиедо, известува Агенција Анадолија (АА).
На церемонијата во Овиедо присуствуваа сите членови на кралското семејство, вклучувајќи го и кралот Фелипе VI, неговата сопруга, кралицата Летиција, принцезата од Астурија, Леонор, принцезата Софија, мајката на кралот, кралицата Софија, четири министри на шпанската Влада и други гости, меѓу кои беше и амбасадорот на Турција во Мадрид, Бурак Акчапар.
Наградата „Принцезата на Астурија“ за технолошки и научен труд доделена им е на Угур Шахин и Озлем Туреџи, основачите на компанијата „БајоНТех“, за развивање на вакцината против Ковид-19. Шахин и Туреџи се први Турци кои ја добиле оваа награда, што се доделува од 1981 година. По тој повод на церемонијата се виореше и знамето на Република Турција.

Со долг аплауз беа поздравени седумтемина научници на кои им е доделена наградата бидејќи со работата на вакцината против Ковид-19 изнајдоа решение што го чува човечкото здравје.
На добитниците им се врачени статуетка, диплома, розета и 50.000 евра.

„За многу кусо време сите минавме низ еден непознат период. Бргу се случуваат промени што влијаат врз целиот свет. Тоа се промени што го обликуваат друштвото, создаваат нееднаквости и ги зголемуваат тензиите“, рече кралот Фелипе VI, додавајќи дека светот константно се менува и сите подеднакво ги делат ризиците и поради тоа никој не може да оди сам.
На присутните им се обрати и унгарската биохемичарка Каталин Карико.
„Патот на научните достигнувања никогаш не е праволиниски. Секој процес има подеми и падови и потребна е меѓународна соработка и поддршка на голем број научници. Она што е најважно е да се поставуваат прашања и да се продолжи да се размислува. Им се заблагодарувам на медицинските работници кои во време на пандемијата беа во првите редови. Ни дадоа сила да работиме повеќе и да ја пронајдеме вакцината која спасува животи“, додаде Карико.
- Добитници на наградата „Принцезата на Астурија“ за 2021
За технолошки и научи достигнувања наградата ја добија Угур Шахин и Озлем Туреџи, основачите на компанијата „БајоНТех“, биохемичарката Каталин Карико (Унгарија), асистентката на лидерот на „БајоНТех РНА фармацеутикалс“ (BioNTech RNA Pharmaceuticals), Дерик Роси (Канада), основачот на „Модерна“, Дру Вајсман, имунолог од Универзитетот „Пенсилванија“, имунологот Филип Фелгнер (САД) и вакцинологот Сара Гилберт (Велика Британија), коосновач на „Вакситек“ (Vaccitech).
Наградата за уметност ѝ е доделена на Марина Абрамовиќ (Србија).
Наградата за комуникации и хуманистички науки ја доби писателката и новинарка Глорија Стејнем (САД), а за друштвени науки, економистот и филозоф Амартија Сен (Индија).
Наградата во подрачјето на спортот ѝ е доделена на шампионката во пливање на Параолимписките игри во Токио 2020, Тереза Пералес, а за книжевност, наградата му е доделена на писателот и режисер Емануел Карер (Франција).
Наградата за меѓународна соработка ја доби невладината организација што се занимава со образување на жените во Африка (CAMFED), а за компромис/договор, наградата ја добија шпанскиот готвач Хосе Андрес, кој помага во делењето на храната и во „World Central Kitchen“.