12 Октомври 2018•Ажурирај: 13 Октомври 2018
МАДРИД (АА) - Со воената парада на неколку илјади припадници на вооружените сили кои маршираа низ Мадрид, Шпанија денес го слави Денот на државноста, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу присутните беше и шпанскиот крал Фелипе VI во придружба на кралицата Летисија и нивните ќерки Леонор и Софија.
Празникот е познат како „Dia de la Hispanidad“ (Ден на Шпанија) и го слави доаѓањето на Кристофер Колумбо во Новиот свет, а покрај тоа е и Ден на вооружените сили на Шпанија.