Şenhan Bolelli
17 Мај 2022•Ажурирај: 18 Мај 2022
МАДРИД (АА) - Мароканско-шпанските граници во градовите Сеута и Мелиља повторно се отворени по 795 дена, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Границите беа затворени поради воведените мерки за спречување на ширењето на коронавирусот и дипломатската криза.
Направен е нов чекор во шпанско-мароканските односи, кои на 13 март влегоа во процес на нормализација, со промена на надворешната политика на Шпанија во корист на предлогот за мароканско решение во политиката на Западна Сахара.
Копнените граници во градовите Сеута и Мелиља беа повторно отворени, 795 дена по затворањето.
Високорангирани претставници на регионалната администрација на полноќ присуствуваа на отворањето на граничниот премин Бени-Ензар во Мелила, кој беше затворен за прв пат во историјата.
Министрите за надворешни работи на Шпанија и Мароко на средбата во Казабланка пред седум дена најавија дека ќе се отворат границите на Сеута и Мелиља и дека тоа ќе биде еден вид камен-темелник на патоказот во рамките на процесот за нормализација на билатералните односи.
Се известува дека многу Мароканци и Шпанци преминале на спротивната страна по отворањето на границите.
Врските меѓу Шпанија и Мароко се влошија откако Мадрид дозволи лидерот на Движењето за независност на Западна Сахара, Ибрахим Гали, да се лекува во шпанска болница во април 2021 година.
За време на кризата во Сеута, отповикан е амбасадорот на Мароко во Шпанија.
Отворањето на граничните премини се случи додека Мадрид и Рабат работеа на поправање на односите по неколкумесечниот спор околу регионот на Западна Сахара, поранешна шпанска колонија анектирана од Мароко во 1976 година.
Тензиите почнаа да се намалуваат претходно оваа година, откако Шпанија го поддржа планот на Мароко да му даде на регионот поголема автономија.
Одлуката беше изненадување за многумина и предизвика бес кај клучните политички сојузници на шпанската Влада предводена од социјалистите.