Kasım İleri
17 Мај 2022•Ажурирај: 17 Мај 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Военото воздухопловство на САД соопшти дека спровело успешно тестирање на хиперсонично оружје кое достигнува пет пати поголема брзина од звукот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението, бомбардерот Б-52Х успешно го лансирал оружјето за брз одговор (ARRW) на брегот на Јужна Калифорнија на 14 мај.
Во соопштението се истакнува дека акселераторот бил испукан веднаш штом оружјето излегло од авионот и дека покажувал хиперсонични карактеристики, достигнувајќи пет пати поголема брзина на звукот. Американскиот тим изјави дека тестот бил голем успех.
Оружјето е развиено од Локид Мартин и дизајнирано е целта да ја погодува со висока прецизност.