свет

Борел се надева дека НАТО ќе ги надмине приговорите на Турција за Шведска и Финска

- Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешни односи и безбедносна политика, Жозеп Борел, истакна дека министрите за одбрана на ЕУ ќе дадат најголема можна поддршка за членството на Шведска и Финска во НАТО

Selen Temizer  | 17.05.2022 - Обновена : 18.05.2022
Борел се надева дека НАТО ќе ги надмине приговорите на Турција за Шведска и Финска

БРИСЕЛ (АА) - Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешни односи и безбедносна политика, Жозеп Борел, истакнувајќи дека министрите за одбрана на ЕУ ќе дадат најголема можна поддршка за членството на Шведска и Финска во НАТО, рече дека се надева оти НАТО ќе ги надмине приговорите на Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Борел пред започнувањето на состанокот на министрите за одбрана на земјите од ЕУ даде изјава за медиумите.

Наведувајќи дека прво ќе се оценува анализата подготвена од Комисијата на ЕУ и Европската агенција за одбрана за празнините во одбранбените инвестиции, Борел додаде дека министрите ќе разговараат и за спроведувањето на „Стратешкиот компас“.

Борел додаде дека министрите ќе разговараат и за ситуацијата во Украина и за дополнителни 500 милиони евра воена помош.

Во врска со членството на Финска и Шведска во НАТО, Борел рече: „Сигурен сум дека Советот ќе даде најголема можна поддршка за членството на Шведска и на Финска во НАТО. Знам дека Турција истакна некои приговори. Се надевам дека НАТО ќе ги надмине. Сепак, за членството постои силна поддршка од мене и од Советот за одбрана.“

На состанокот на министрите за одбрана ќе присуствува заменик генералниот секретар Мирча Џоана наместо генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

На средбата преку видеоконференција ќе присуствува и украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın