Dildar Baykan Atalay
17 Мај 2022•Ажурирај: 18 Мај 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Џо Бајден, приреди прием во Белата Куќа во чест на премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во приемот во Белата Куќа, Бајден ги угости Мицотакис и неговото семејство, укажувајќи на пријателството меѓу двете земји.
Бајден истакна дека ја одбележуваат 201. годишнина од воспоставувањето на односите меѓу САД и Грција.
Американскиот претседател нагласи дека Грција е важен сојузник на неговата земја.
Тој исто така укажа на важноста на продолжувањето на односите меѓу двете земји во повеќе области, како одбраната и климатските промени.
Меѓу другото, Мицотакис упати благодарност до Бајден за направените чекори во врска со Украина.
Грчкиот премиер во својот говор се осврна и на придонесот на мигрантите со грчко потекло во американската заедница.