Ihvan Radoykov
14 Ноември 2022•Ажурирај: 23 Ноември 2022
СОФИЈА (АА) - Шест воени авиони од типот „Јурофајтер тајфун“ при Воздухопловните сили на Шпанија почнаа со давање поддршка за заштита на воздушниот простор на Бугарија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за одбрана на Бугарија.
Во соопштението се вели дека работата на шпанските авиони како и тимот од 130 члена во Бугарија ќе трае до 2 декември.
Авионите „Јурофајтер“, кои заедно со пилоти и тим за одржување се привремено стационирани во Бугарија, во првата фаза ќе реализираат набљудувачки летови во Софија, Бургас, Јамбол и Пловдив.
Флотата на Воздухопловните сили на Бугарија, која се состои од околу 15 авиони од типот „Миг-29“, не може да добие одржување поради руско-украинската војна.