Şenhan Bolelli
22 Март 2017•Ажурирај: 23 Март 2017
МАДРИД (АА) - Во акција против терористичката организација ДЕАШ во Шпанија се уапсени три лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во Барселона се уапсени двајца, а во Валенсија едно лице поради интернет-пропаганда во која се слави и се величи тероризмот и се бараат нови членови.
Притворените лица се на возраст од 26, 37 и 45, а по потекло се од Мароко.
При акцијата се запленети компјутери, други уреди и документи.
Во Шпанија, во последните 2,5 години се фатени 195 лица кои се поврзани со ДЕАШ.